Хроника 17. јуни 2018. / 14:58

Полицијата изврши претрес во куќа во Скопје

Полицијата изврши претрес во куќа во Скопје

На 14.06.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простори кај лицето К.К.(35) на улица Т.Бошковски-Тарцан во Скопје.

Таму биле затекнати и лицата Б.К.(67) со иста адреса на живеење и М.С.(20), исто така, од Скопје. При претресот, во делот од куќата што го користи К.К., биле пронајдени шест саксии со марихуана. Во просториите кои ги користи Б.К. биле пронајдени една пушка -ловен карабин, 60 куршуми-долго зрно од непознат калибар, 126 куршуми од непознат калибар и една дозвола за поседување оружје.

Сите пронајдени предмети биле одземени и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против К.К. и М.С. ќе бидат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниоит законик, додека против лицето Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.