Хроника 02. април 2020. / 12:20

Полицијата ги уапси насилниците кои крвнички тепаа девојче во Штип

Полицијата ги уапси насилниците кои крвнички тепаа девојче во Штип

Полицијата ги уапсила насилниците од снимката на која се гледа како тепаат девојче, потврдуваат од МВР за „360 степени“.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, се гледа како тие се изживуваат врз девојче, го клоцаат и навредуваат.

Стефан Арсов и Пепи Ристов, се  двајца штипјани кои претепале девојка затоа што кажала дека е бремена и ја снимале додека ја тепаат.

Вознемирувачкото видео од овие двајца монструми циркулира по социјалните мрежи.

Поради заштита на идентитетот на девојката жртва, ние ова видео нема да го објавиме.

Ве предупредуваме за вознемирувачката содржина. Видеото можете да го погледнете на следниот линк.