Хроника 12. февруари 2020. / 10:58

Полицијата фатила српски државјанин кој пренесувал мигранти во комбе

Полицијата фатила српски државјанин кој пренесувал мигранти во комбе

Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23.45 часот, а полицијата од слобода го лишила С.З.(43) од Србија, кој управувал со возилото.

Мигарнтите, од кои двајца од Бангладеш и двајца од Индија и 18 од Пакистан, се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.