Хроника 13. мај 2018. / 12:55

Полиција упадна во тетовски локал- уапсени 4 лица

Полиција упадна во тетовски локал- уапсени 4 лица

Синоќа во времето од 23,00 до 02,30 часот на подрачјето на СВР Тетово, од страна на полициски службеници по превземени мерки и активности за откривање на странски државјани кои илегално престојуваат или го злоупотребуваат туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, во угостителски објект лоциран во село Желино.

– Затекнати се четири лица, странски државјанки, од кои две државјанки на Косово и две државјанки од Албанија- велат од МВР.

Лицата се приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.