Хроника 18. мај 2020. / 13:28

Полицајци се степале со цивилно лице во Тетово: СВР Тетово и Внатрешна контрола ќе преземат мерки

Полицајци се степале со цивилно лице во Тетово: СВР Тетово и Внатрешна контрола ќе преземат мерки

Тетовската полиција информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на инцидент за кој има видео снимка на социјалните мрежи на која се гледа физичка пресметка помеѓу  полицајци и цивилно лице. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот на градскиот плоштад во Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека ќе бидат преземени сите соодветни мерки и активности за  целосно расчистување на случајот. Притоа, во координација со Јавното обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција, за полициските службеници кои биле инволвирани во настанот е покренета дисциплинска постапка – информираат од СВР Тетово.

Оттаму посочуваат дека и Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе преземе соодветни мерки во врска со пропустите и пречекорувањата во врска со настанот.