Хроника 15. април 2018. / 11:16

Полицајци се обиделе да запрат тракторист кој возел украдени дрва, но им избегал, го нашле подоцна паркиран во двор

Полицајци се обиделе да запрат тракторист кој возел украдени дрва, но им избегал, го нашле подоцна паркиран во двор

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Т. (27) с. Ораовица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со кривично дело „кражба”.

На 30.03.2018 година во 19.05 часот во село Оравица полициски службеници се обиделе да сопрат трактор, управуван од пријавениот. Тој не застанал, го сменил правецот на движење и избегал. По преземени мерки, тракторот бил пронајден во село Оравица во дворното место од куќата на С.Ј..Притоа, до тракторот биле пронајдени нежигосани дабови огревни дрва, за кои пријавениот не поседувал соодветна документација.