Хроника 04. мај 2019. / 17:00

Полицаец застрелал свој колега во нога во касарна Илинден

Полицаец застрелал свој колега во нога во касарна Илинден

Вчера околу 15 часот пријавено е дека во касарна Илинден полицискиот службеник З.М. (26) при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница полицискиот службеник Ц.А. (27) кој бил во истата просторија.

Ц.А. е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.