Изутринава во 06,15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија 26-годишен полициски службеник , кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка.
За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.