Хроника 08. септември 2018. / 17:23

Полицаец пукал во полициска станица

Полицаец пукал во полициска станица

Полициски приправник отишол да го остави оружјето во магацин по завршувањето на смената, па испукал неколку куршуми во ѕидот во ходникот на полициската станица.

Во билтенот на МВР е заведено дека вчера околу 18:55 часот, во ходникот во Полициска станица Драчево приправник за полицаец, кој се упатил кон магацинот да го остави оружјето, испукал неколку куршуми на ѕидот, при што нема повредени лица.

За настанот известен е ОЈО Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.