Хроника 16. јуни 2020. / 16:09

Полицаец по грешка се застрелал од службениот пиштол

Полицаец по грешка се застрелал од службениот пиштол

Полициски службеник синоќа во својот дом на улицата „ Франц Прешерн“ во Скопје, испукал еден куршум од неговиот службен пиштол додека го проверувал и се повредил во пределот на левата надколеница.

Потоа полицаецот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.