Мерка на претпазливост изрекол судија по претходна постапка во Основниот суд во Скопје за полициски шеф од СВР Штип.
Локалната телевизија Стар јави дека тој се сомничи за логистичка поддршка на група која организирала нелегален транспорт на мигранти од Авганистан, Пакистан и други азиски земји.
Рутата на движење започнувала од Богданци и Гевгегелија, а крајната дестинација во Македонија биле Арачиново и Липково.
МВР вчера соопшти дека во акција на полицските специјалци уапсени и приведени се 21 лице кои во хиерархијата на организатори имале различни задачи – од возачи, па до т.н. чистачи кои се движеле пред возилата со кои мигрантите биле превезувани.
Штипскиот полицаец имал задача да ги открива локациите каде се полициските контроли.
Во групата осомничени се уште тројца штипјани, односно од штипското село Радање. Еден е ослободен, но со обврска да се јавува во судот еднаш во седум дена додека другите двајца се задржани во притвор во Скопје.