Хроника 16. ноември 2020. / 16:57

Полицаец го чистел пиштолот и се саморанил

Полицаец го чистел пиштолот и се саморанил

Рано утринава околу 03,00 часот во куќа во с.Инџиково, скопско, 24-годишен полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало.

Полицаецот е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.