Хроника 01. февруари 2020. / 14:17

Полицаец ги попречувал колегите од ,,Алфа” да легитемираат лица што биле во негово друштво

Полицаец ги попречувал колегите од ,,Алфа” да легитемираат лица што биле во негово друштво

Против двајцата полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди се поднесени  иницијативи за постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Едниот од нив е полицаец кој на 30 ноември 2019 додека не бил на должност, во хотел во Скопје попречувал полицајци од единицата „Алфа“ да легитимираат лица што биле во негово друштво и не дозволувал да им бидат прегледани возилата. Со тоа, како што соопшти МВР, тој постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.

Биле упатени закани кон полицајците од „Алфа“ за што на 2 декември 2019 во СВР Скопје биле поднесени материјали за пријава за „Загрозување на сигурноста“. Но по извршените проверки и увидот во службените материјали, констатирано е дека раководителот на смена во „Алфа“ при СВР Скопје, кој бил присутен при контролата на 30 номеври 2019, не го документирал и не го пријавил на надлежните служби кривичното дело и прекршоците што се случиле во хотелот.

-Целосното документирање и пријавување на настаните од 30 ноември 2019 го организирал на 2 декември 2019, и тоа по барање на заменикот началник на ЕПОИ Алфа, со што постапил спротивно на член 11 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и спротивно на член 14 од Закон за полиција, наведува МВР.