Хроника 25. декември 2019. / 18:30

Полицаец доби кривична пријава – малтретирал приведено лице

Полицаец доби кривична пријава – малтретирал приведено лице

Поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“, против В.С., полициски службеник вработен во Полициска станица Центар, поднесена е кривична пријава до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници  од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Како што соопшти МВР, пријавениот полициски службеник на 28/29.11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.

Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар е евидентно дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело.

Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност, наведуваат од МВР.