Хроника 31. март 2020. / 08:00

Починал битолчанец кој бил во самоизолација

Починал битолчанец кој бил во самоизолација

Денеска ќе се знае дали битолчанецот кој вчера попладнето беше пронајден мртов во неговиот стан во Битола починал како последица од корона вирус додека бил во самоизолација, сам во неговиот дом.

Информацијата дека е пронајдео починато машко лице синоќа за Тв21 ја потврдија од локалната полиција, но повеќе детали освен дека било интервенирано на ул. „Димче Лахчански нема.

Според првичните информаации лицето неколку дена не одговарал на повиците на соседите па тие одлучиле да повикаат полиција. Повикани биле и битолските пожарникари кои ја обиле влезната врата, по што медицински лица облечени во скафандери влегле во станот.

Станува збор за маж на околу 60 годишна возраст кој по враќањето од Канада бил во самоизолација.