Хроника 26. јуни 2020. / 11:11

Починат и тешко повредена во две сообраќајки во Тетово

Починат и тешко повредена во две сообраќајки во Тетово

Во текот на вчерашниот ден во 13:30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на с.Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.

Во 15:40 часот, пак, било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „Фоклсваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во  пешакот Џ.И.(35) од с.Слатино. Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.