Возачот што беше тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај браната Калиманци починал вчера вечер на скопските клиники. Станува збор за лицето Б.В. (30) од Кочани
Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 15.50 часот, на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, во близина на браната Калиманци. Критичното време дошло до директен судир помеѓу камион „мерцедес актрос“ со бугарски национални ознаки што го управувал В.М. (60) од Бугарија и автомобил „опел аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.
Од ударот со тешки телесни повреди се здоби Б.В., кој бил пренесен на Клиника во Скопје, но вечерта им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Сообраќајот бил во прекин од 15.50 до 18.40 часот. Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во ПС Делчево за понатамошна постапка.