Хроника 28. декември 2018. / 14:58

Почина уште една жена од автобусот кој се преврте кај Лесковац

Почина уште една жена од автобусот кој се преврте кај Лесковац

Уште една жена починала од патниците што настрадаа во автобуската несреќа кај Лесковац на 16 декември, со што бројот на жртви од несреќата е 5, велат од Министерство за здравство. Починатата цело време била на апарати за дишење на интензивна нега во болницата во Ниш, објави САКАМДАКАЖАМ.МК

Останатите 5 пациенти кои беа со потешки повреди во болницата во Ниш и 4 со полесни повреди кои беа во болницата во Лесковац се пренесени во Македонија.

-Дел се пренесени во болницата во Битола, дел на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар, а дел се дома, велат од Министерство за здравство.

Автобусот на струшката компанија „Еуробус“ на 15 декември во 19 часот тргнал од Битола за Виена и околу 1.40 часот минатата недела наутро се преврте во близина на Лесковац.

Во несреќата беа повредени 35 луѓе. На местото на несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени. Од нив 14 беа хоспитализирани, а останатите по укажаната медицинска помош беа сместени во хотел.

Истрагата на српските власти за утврдување на причините за несреќата е во тек.