Хроника 09. ноември 2020. / 09:52

Почина скопјанката тешка 250 килограми

Почина скопјанката тешка 250 килограми

Скопјанката Мејрем Исмаил која на 15 октомври во Турција го оперираше желудникот за да ја намали телесната тежина, денеска почина, објави порталот Женски магазин.

Според лекарскиот извештај, Мејрем починала од срцев удар. Мејрем пред операцијата имаше 250 килограми.

Деновите по операцијата, таа ги помина во дом за стари лица, каде што беше сместен и нејзиниот татко. Таткото, кој пред неколку години имаше мозочен удар, сега е дома, за него се грижат неговите браќа. За да ја плати операцијата во Турција, Мејрем продаде семејна куќа.

Нејзината пријателка, Риана Ал Рамиз која ѝ беше инспирација за операцијата во Турција, вели дека се слушнале пред да почине. Таа добро се чувствувала, освен што била исплашена. Мејрем и Риана имале договор да се видат следната недела, и да испратат фотографии во редакцијата на „Женнски магазин“ од нејзиниот нов изглед.