Вчера, 29 април, на 60-годишна возраст почина д-р Љупчо Меловски, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, објави МКД.мк.
Професорот Меловски беше доајен на еколошката наука во Македонија, долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, пасиониран ботаничар, борец за заштита на природата и учител на стотици млади истражувачи и еколози.
Погребот ќе се одржи на Градските гробишта во Бутел во четврток во 13 часот.