Хроника

Почина мотоциклистиот од сообраќајката кај Млечен Ресторан

Почина мотоциклистиот од сообраќајката кај Млечен Ресторан

Во текот на вчерашниот околу 16.00 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(32) од Тетово, информираат од МВР.

Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.