Социјалдемократите се простуваат од прерано починатиот другар и борец младиот Филип Мартиновски.
Сите нè погоди веста за прераната и ненадејна смрт на нашиот млад другар и сопартиец,
Филип Мартиновски.Од мое лично име и од името на СДСМ, упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на нашиот Филип. Нека почива во мир, напиша генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски
Изгубивме другар и предан борец !
Ненадејната и прерана смрт на нашиот другар и сопартиец Филип не потсетува дека другарството и солидарноста се над се, но сега за жал без него.
Длабоко и искрено сочувство на семејството !
Нека почива во мир !, напиша Фросина Ременски.