Едно лице е почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата Јордан Мијалков, велат од Министерството за здравство.
Починатото лице е маж кој во моментот кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Во пожарот едно лице било полесно повредено и како што велат од Министерството по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.
Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот. Пожарната интервенираше со 8 возила и пожарот е локализиран.