Хроника 10. јуни 2020. / 16:39

Почина маж од Сарај кој при работа на неговата куќа паднал од покривот

Почина маж од Сарај кој при работа на неговата куќа паднал од покривот

На 09.06.2020 околу 17.45 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека К.Б.(64) од селото Сарај, додека работел на покривот од неговата куќа, паднал од него во дворот на негов сосед.

По незгодата, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20.40 часот починал, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.