Почина и второто момче од вчерашната тешка сообраќајка во Кавадарци, родено 1991 година, откако претходно почина момче родено 1994 година.
Двете момчиња се возеле на моторцикл, а сообраќајката настанала при судир со џип.
Починаа на скопските клиники, потврди Елизабета Недановска, портпарол во Државното јавно обвинителство.