Попладнево починал бизнисменот и поранешниот догогогодишен главен извршен директор во „Т-мобиле“ Жарко Луковски.
Дел од медиумите јавија дека Луковски починал во болница како последица на мозочен удар кој го доживеал вчера.
Луковски беше на највисоки раководни позиции во „Т-Мобиле“ од 2006 година. Во 2010 година беше назначен за главен извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“, а во 2015 година за главен оперативен директор на Македонски телеком.
Освен по работата во телекомуникацискиот гигант, во последните години Луковски во јавноста беше актуелен како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико.
Името на Луковски се споменуваше и во скандалот „Рекет“ како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.