Хроника 14. октомври 2020. / 20:24

Почина докторот кој удри во дрво на „Рузвелтова“, му се слошило додека возел

Почина докторот кој удри во дрво на „Рузвелтова“, му се слошило додека возел

Во несреќата што попладнево се случи на улицата „Френклин Рузвелт“ почина пулмологот Трајче Нешковски (32), кому му се слошило и со автомобилот се забил во дрво. По сообраќајната несреќа, тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, каде што почина.

Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Од МВР соопштија дека на 14.10.2020 во 16.35 часот добиле пријава дека на крстосницата на улиците „Орце Николов“ и „Франклин Рузвелт“ има сообраќајна незгода помеѓу „цитроен“ со гостиварски ознаки и „опел“ со струмички ознаки.

Двете повредени лица беа пренесени на скопските клиники.