Хроника 26. март 2019. / 12:12

Побегна затвореникот осуден за кражба на ќебапи

Побегна затвореникот осуден за кражба на ќебапи

Велешанецот Петре Караманов, кој беше осуден на три години затвор за кражба на ќебапи избегал од затвор, дознава „Независен весник и му останале уште неколку години за да ја одлежи казната.

Според официјалните податоци од Управата за извршување на санкции, Караманов издржувал казна затвор во затворот во „Идризово“ за разбојништво и тешка кражба, за што бил осуден на шест години и еден месец затворска казна, што значи Караманов бил осуден и за други кражби и разбојништва, а не само за ќебапите. Последно во затвор влегол на 2 декември 2014 година, но на 4 април 2017 година го пуштиле на домашно отсуство и не се вратил повеќе. Според информациите од затворот во Шутка, Караманов бил таму во притвор за разбојништва во 2002 и 2014 година, додека во 2010 година пет месеци бил во затвор за кражба на моторно возило. Сепак, од велешкиот суд весникот не доби информација колку точно пресуди имало против него и за што сè е осуден, но оставија простор за увид во сите предмети што се водат против него.

И кога ја ограбил кафеаната на автобуската станица во Велес, од каде што ги украл ќебапите, се наоѓал на отслужување на казна затвор за друго дело. Според неофицијални информации од велешкиот суд, против него биле изрекувани мерки уште кога бил малолетник. Иако овој случај во јавноста одекна како неправда кон граѓанинот, сепак пресудата не била само за 150 ќебапи. Караманов украл сè што имало во кафеаната и го оставил сопственикот без стока за продавање. За кривичното дело била предвидена затворска казна од три до пет години, а нему му била досудена најниската затворска казна, ценејќи ги сите олеснителни и отежнителни околности.

Целата приказна за велешанецот кој речиси цел живот крадел и го поминал во затвор прочитајте ја на „Независен“.