Маж се бори за живот по тешка сообраќјна несреќа која се случила вчера околу 6:30 часот на крстосницата од патот Новаци-с.Ношпал и патот за с.Будаково.
Од МВР информираат дека сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.В. (33) од с.Бучин, крушевско и патничко возило „Шевролет Спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А. (69) од с.Будаково, општина Могила.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.А.. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола и по укажаната помош бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.