Хроника 22. јануари 2020. / 10:50

По посетата на Макрадули и Петровска искршен натписот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

По посетата на Макрадули и Петровска искршен натписот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Синоќа непознат сторител(и) ја искршил таблата со натписот на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола, пишува порталот Bitola news.

Ова е направено откако вчера училиштето беше посетено од заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалничката Наташа Петровска и општинска делегација. Досегашниот систем за парно греење на дрва во училиштето ќе биде заменет со нов систем на греење со инвертер пумпи, клими, кои веќе се поставени во училниците и другите простории. „Св.Кирил и Методиј“ е првото училиште во Битола кое ќе се грее со ваков модерен еколошки систем.

Таблата со натписот беше поставена пред извесен период, а на него покрај другото пишуваше и Северна Македонија, што е најверојатно и причината за кршењето.