Хроника 16. јули 2019. / 13:58

По консултации со медицински тим Јанакиески го прекина штрајкот со глад

По консултации со медицински тим Јанакиески го прекина штрајкот со глад

Поранешнот министер Миле Јанакиески го прекинал штрајкот со глад во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако медицински тим го советувал да го направи тоа за да може да ја издржи терапијата, пренесе Независен весник.

Јанакиески од 29 јуни, започна штрајк со глад, а поради влошување на здравствената состојба, кратко беше пренесен и во болницата 8 Септември.

Бранителите на Јанакиески очекуваат Обвинителството во наредниот период да донесе предлог за поблага мерка, според која Јанакиески би можел да замине во куќен притвор.