Хроника

Пиштол, мини и рачни бомби пронајдени при претрес во стан во Тетово

Пиштол, мини и рачни бомби пронајдени при претрес во стан во Тетово

Во с.Брвеница–тетовско со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во стан и други простории кај Ѓ.С.(52).

При претресот биле пронајдени: еден пиштол марка „Зброевка“ со калибар 7,65мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби.

Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.