Хроника 24. декември 2018. / 20:40

Пијани прилепчани демолирале локал

Пијани прилепчани демолирале локал

Инцидент избил синоќа во ресторан во Прилеп откако одговорниот во локалот ја исклучил музиката, а група гости лути на таквата одлука, почнале да се расправаат и да го кршат инвентарот. Вработените уплашени за својата, како и безбедноста на гостите, повикале обезбедување кое затекнало безредие во ресторанот, гости кои се уште кршеле инвентар и се тепале со вработените.

Проблематичните лица потоа биле отстранети од објектот, a ситуацијата била доведена под контрола.