Хроника 22. декември 2018. / 21:53

Пијан тетовчанец тепал полицајци поради блокатор на тркало

Пијан тетовчанец тепал полицајци поради блокатор на тркало

Пијан тетовчанец сакал да избега со неговото возило на кое поради погрешно паркирање имало поставено бликатор. Откако тоа не му успеало почнал да напаѓа полицајци.

На 21.12.2018 во 16:45ч. Б.К (51) од с. Бозовце, вработен во ЈП-Паркинзи-Тетово пријавило дека во кругот на ППЕ – Тетово дошло лицето Т.Б(44) од Тетово во видно алкохолизирана состојба и го побарал неговото возило марка ,,Поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое претходно му било подигнато поради погрешно паркирање. Пријавениот сакал без да плати да го земе возилото и влегол во него, го стартувал, но не успеал да тргне затоа што во предното лево тркало имало блокатор. Потоа Т.Б. излегол од возилото и физички го нападнал пријавителот. Б.К. веднаш го пријавил случајот во полиција и полициски службеници излегле на местото на настанот. При обид да го приведат напаѓачот, тој физички ги нападнал, но бил совладан и приведен во ПС Тетово. По документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.