Хроника 17. јули 2020. / 16:34

Пијан маж се карал со сопругата и синовите па предизвикал пожар во куќата

Пијан маж се карал со сопругата и синовите па предизвикал пожар во куќата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(50) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 17.06.2020 пријавениот, под дејство на алкохол, почнал расправија со неговата сопруга и синовите, при што предизвикал пожар во помошна просторија и на кровната конструкција на куќата.