Хроника 17. август 2018. / 21:29

Пијан гостин направил инцидент во скопска кафеана

Пијан гостин направил инцидент во скопска кафеана

Проблематичен и пијан гостин направил инцидент во позната скопска кафеана во понеделникот по што обезбедувањето на објектот морало да интервенира. Недоразбирањето настанало откако тој барал од музичарите неколкупати да му биде испеана неговата омилена песна, за потоа да започне расправија со други гости во ресторанот.

Кога музичарите сакале да отсвират и испеат песна на друго друштво, проблематичниот гостин не дозволувал. Тој ги попречувал свирачите да заминат од неговата маса, по што турнал еден од свирачите. Сопственикот на ресторанот повикал обезбедување, по што проблематичниот маж со своето друштво го напуштиле објектот.