Хроника 11. мај 2020. / 18:15

Петмина тетовци добија парични казн за движење за време на полицсикит час

Петмина тетовци добија парични казн за движење за време на полицсикит час

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за определување казнени налози до Основниот суд Тетово против пет лица.

Сите се обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби.

Како што информира ЈО, лицата не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа.