Хроника 10. ноември 2019. / 11:50

Петмина Кубанци уапсени кај „Меџитлија“

Петмина Кубанци уапсени кај „Меџитлија“

Кај „Меџитлија“ приведени се илегалци од Куба.

Како што информираат од МВР, вчера во 07.30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред село Кременица, битолско, ги привеле лицата Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24), сите од Куба, поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Р.Грција влеле во Р.С. Македонија. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.