Т.Ш.(60) од Ларце вчера бил тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила во 17 часот на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово.
Од полицијата информираат дека во пешакот удрил автомобил „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици управуван од А.Б.(33) од Гостивар.
-Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во тетовската клиничка болница по што бил пренесен на скопските клиники, информираат од МВР.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.