Хроника 07. ноември 2018. / 11:06

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Еден пешак бил тешко повреден во една од вкупо седум сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет од сообраќајките полесно биле повредени осум лица, а во една сообраќајка била причинета само материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Казнети биле 11 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени 13 возачи пред да се стекнат со право на управување и тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило пајак, отстрането биле 71 возило.