Хроника 14. март 2021. / 23:00

Пешак тешко повреден во Росоман

Пешак тешко повреден во Росоман

На 13.03.2021 во 20:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско -Прилеп, кај с.Росоман, патничко моторно возило „мазда“ со грчки национални ознаки управувано од X.A.(36) од Р.Албанија удрило во пешакот И.Г.(58) од с.Росоман.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

По наредба на Јавен обвинител X.A. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.