Хроника 19. септември 2019. / 11:52

Пешак прегазен во страшна несреќа во кичевско

Пешак прегазен во страшна несреќа во кичевско

Вчера во 11.30 часот на регионалниот пат Кичево – Осломеј, патничко возило „шевролет матиз“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.У.(76) од кичевското село Србица, удрило во пешакот Л.А.(67) од село Туин, кичевско.

Во незгодата Л.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево, информираат од МВР.