Хроника 21. јануари 2020. / 09:40

Потешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Потешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила од сообраќај двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило, како и четири нерегистрирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 55 возила.

Казнети се и 15 пешачи кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло.