Хроника 26. септември 2019. / 10:26

Пешак почина по страшен удар во Струмица

Пешак почина по страшен удар во Струмица

Во круг на индустриска зона во Струмица, вчера во 10.45 часот товарно возило „мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (40) од Прилеп, удрило во пешакот Н.Д. (69) од Струмица.

Од здобиените повреди Н.Д. починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.