Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнето се случила на крстосницата помеѓу улицата ,,Никола Минчев” и булеварот ,,Македонија”, во новиот центар на Кавадарци.
Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велесе Верољуб Додевски, во несреќата се судриле две патнички возила ,,мерцедес” управуван од 36 годишниот Ј.Ј. и ,,пежо 405” управувано од педесетгодишниот Д.К.
Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци.