Хроника 24. јуни 2020. / 21:26

Патот Тетово-Јажинце оспособен за сообраќај по одронот на земја и камења

Патот Тетово-Јажинце оспособен за сообраќај по одронот на земја и камења

Повторно е прооден за сообраќај регионалниот патен правец Тетово-Јажинце, кој ноќеска беше затрупан од наноси од земја и камења поради излевање на река Габровница кај Доброште.

Од тетовската полиција велат дека се обезбедени услови за одвивање на сообраќај и наизменично пропуштање на возила само во една насока. Воедно продолжува со работа механизација на надлежните институции за целисно расчистување на наносите од коловозната лента.

Екипи на Македонија пат и на Центарот за управување со кризи работат на патот и на коритото на реката. Сообраќајот на патот беше во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.

Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот соообраќај во Тетово и понатаму се на теренот за регулирање на сообраќајот.