Хроника 09. јули 2018. / 20:16

Патник од воз починал во велешката болница, во торбата имал прашкаста материја

Патник од воз починал во велешката болница, во торбата имал прашкаста материја

Во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес, вчера околу 12 часот, било пријавено дека на патникот Н.С. (34) од село Фурка, Дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во болницата во Велес, но околу 13 часот починал.

При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени за вештачење.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, jaви Дума.