Хроника 27. септември 2019. / 22:27

Парите од имотните листови, вработена во катастар си ги земала за себе

Парите од имотните листови, вработена во катастар си ги земала за себе

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Љ.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.

Во период од 01.01.2019 до 05.06.2019 пријавената, како референт во Агенцијата за катастар на недвижности – одделение Куманово, издала 197 имотни листови, при што задолжителниот надоместок од 180 денари, од граѓаните го наплаќала во готово и го задржувала за себе.

На овој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 35.460 денари на штета на Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.