Хроника 12. мај 2020. / 11:59

Парични казни од по 2.000 евра за 19 лица коишто не го почитувале полицискиот час во Скопје

Парични казни од по 2.000 евра за 19 лица коишто не го почитувале полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднело предлози за издавање казнени налози поради извршено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час се движеле на различни локации во Скопје.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.