Хроника 07. февруари 2021. / 17:46

Пари и икона украдени од црква во тетовско

Пари и икона украдени од црква во тетовско

Икона и пари биле украдени од црквата „Света Недела“ во селото Теново, тетовско.

Во СВР Тетово било пријавено дека во временски период од 31.01 до 06.02.2021 година од црквата „Света Недела“ во с. Теново, тетовско, непознат сторител насилно влегол внатре и одземал една икона и пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово, информира МВР.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.